КАТАКЛИЗМА ВО ИСТАНБУЛ: Силна бура го зафати Истанбул – градот под вода!

Силна бура го зафати попладнево Истанбул, предизвикувајќи поројни дождови со град и грмотевици. Плоштадот Таксим и околните улици се целосно поплавени, а силниот ветер ги занесувал автомобилите.

istanbul-640x427

Поплавени се и трамвајските линии од периферијата на градот кон центарот. Во прекин бил и сообраќајот во метрото.

vtora

Трговскиот центар на Истанбул, „Еминонју“, на брегот на Босфор, исто така, е под вода. Просторот пред Египетскиот пазар е поплавен, а надојдената вода го достигна морското ниво.

treta

Бурата траела околу еден час, по што комунални екипи ги расчиствуваат улиците и се обновува сообраќајот во градот.

cetvrta

petta

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.