КАКО ДО ГЕРМАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве како да добиете германско државјанство или виза за постојан претстој

Постојат три начини за да имате постојан престој во Германија. Да бидете државјани на ЕУ, да имате постојана виза или Германско државјанство. Првите две се многу слични, единствената разлика е што ако сте државјани на ЕУ имате право да престојувате и работите на друго место во Еу, додека постојаната виза е ограничена само на Германија.

Со германското државјанство ги имате сите права како државјанин на Германија, вклучувајќи право на глас, конзуларна заштита, слободно движење и неограничен пристап на пазарот на трудот. Меѓутоа како жител на Германија мора да се откажете од вашето моментално државјанство.

Услови за да добиете постојан престој

Ако живеете во Германија со дозвола од 5 години и исполнувате одредени услови, тогаш имате право да добиете виза на неопределено време. Откако ќе ја добиете оваа виза, без разлика дали е од Германија или било која друга земја членка на ЕУ, можете да живеете постојано било каде во ЕУ.

За да аплицирате за постојан престој, мора да ги исполнувате следниве услови:

Да имате непрекинат престој во Германија најмалку 5 години;

Да имате сигурно живеалиште, здравствено и пензиско осигурување;

Да имате доволен простор за живеење – најмалку 13 квадратни метри по човек;Да имате соодветно познавање на германскиот јазик и основно познавање на германскиот начин на живот и култура ( со посетување на интеграциони курсеви)

Да немате криминално досие.

Ако поседувате постојана дозвола за престој од друга држава, тогаш за да останите подолго од 3 месеци во Германија мора да имате важечки пасош и да ги информирате властите кои се вашите планови за работа или студирање.

Виза за неограничен престој

Дозвола за населување – или постојан престој во Германија – е уште еден начин на кој можете да останете во Германија на неодредено време. Многу е слична на постојаната ЕУ виза, освен ако не дозволува да се движите низ ЕУ, и во одредени услови, можете да добиете многу порано од пет години.

Некои примери на исклучоци за добивање на постојан престој во Германија за помалку од 5 години вклучуваат:

Високо квалификувани работници може веднаш да добијат дозвола за постојан престој во Германија.

Дипломирани студенти на некој германски институт за високо образование може да добијат германски постојан престој по две години.

Имателите на сина карта на ЕУ можат да аплицираат по работа 33 месеци (или само 21 месец со сертификат за јазик Б1)

Самовработените лица, кои имаат сопствен бизнис и сигурно живеење, може да добијат постојан престој во Германија по три години.

Како да добиете германско државјанство

Откако постојано живеете во Германија осум години, можете да аплицирате за да станете државјанин на Германија.

Да станите германски државјанин не значи само дека сте повеќе интегрирани и прифатено од германското општество, но исто така ви ги дава истите права и правен статус како и другите германски државјани – права кои ги немате со дозволата за постојан престој во Германија.

Со германското државјанство ќе имате неотуѓиво право да живеете во Германија, да имате основни уставни права, да гласате, слободно да се движите низ ЕУ, да имате конзуларна заштита и плус можите да бидите државни службеници.

Како да станете државјанин на Германија преку натурализација

Ако сакате да станете државјанин на Германија преку натурализација, тогаш мора да поминете еден час тест за натурализација – за правните и социјалните аспекти на животот во Германија – и да ги исполните одредени основни барања наведени подолу.

да имате право на престој во времето на вашата германска апликација за државјанство;

живеете во Германија постојано и законски осум години (седум ако сте посетувале курс за интеграција или шест во посебни интегративни околности);

да бидете во можност самостојно да се изджувате вие и членовите на вашето семејство;

да поседувате соодветни говорни и писмени вештини за германски јазик (еквивалент на ниво Б1 од Заедничката европска референтна рамка за јазици);

да немате кривични пресуди;

да ги почитувате уставните принципи на слободата и демократијата.

Брак со германски државјанин

Стапувајќи во брак со германски државјанин, не добивате автоматски германско државјанство. Мора да бидат исполнети одредени услови, кои вклучуваат да бидете во брак две години и да имате легален престој во Германија од најмалку 3 години. Ако стапите во брак после вашето доаѓање во Германија, тогаш добивањето на гермаснко државјанство можи да трае подолго.

Германско државјанство според потекло

Детето се смета за германски државјанин од раѓање ако барем еден родител е германец, без оглед на тоа дали детето е родено во Германија или во странство.

Меѓутоа, детето не може да бара германско државјанство со потекло ако е родено надвор од Германија, а неговиот германски родител исто така бил роден во странство по 1 јануари 2000 година (и сеуште не се вратил во Германија), освен ако тоа не значи дека детето е без државјанство или раѓањето е регистрирано во германска амбасада или конзулат во рок од една година.

Секое дете родено од еден странски родител и еден германски родител, или на родител кој има двојно државјанство на Германија, ги стекнува сите права на националност во однос на нивното потекло, но само привремено. Кога детето ќе наполни 18 години, има пет години да избере германско државјанство според потекло и националност на родителите.

Доколку детето има германски татко кој не е во брак со мајката, потребна е потврда или правно утврдување на татковство пред детето да наполни 23 години за да бара германско државјанство.

Германско државјанство по раѓање

Ако ниту еден родител не е Германец, а бебето е родено на германско тло, автоматски ја зема германската националност, под услов во моментот на раѓање најмалку еден родител живеел во Германија осум години и имал постојан престој во Германија или бил Швајцарец. Во овие случаи, детето исто така има право да ја земе националноста на родителите. Ова се однесува само на децата родени по 1 јануари 2000 година; периодот на побарување за деца родени пред тоа веќе е затворен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.