КАДЕ СЕ НАОЃА “КОПЈЕТО НА СУДБИНАТА” СО КОЕ Е ПРОБОДЕН ИСУС ?! Зошто со векови сите се борат да го имаат во својата држава ?!

Откако постои христијанската црква, постои и легенда за легионерот Лонгин кој со своето копје го прободил Исус Христос додека бил распнат на крстот. Истовремено постои и легнеда за оружјето со кое Лонгин го извршшил големото злодело , а тоа за прв пат се споменува во Евангелието по Јован.

Легинерот во меѓувреме станал христијанин, а потоа и светец кој денес го славиме како Свети маченик Лонгин, додека неговото копје развило сопствен култ. Денес на светот постојат постојат три копја за кои се тврди дека биле во допир со крвта на создавачот на христијанската религија, Синот Божји.

Светото копје во Ватикан се чува под куполата на базиликата Свети Петар. За прв пат е спомнато од Антонин од Пјаченца во 570 година, кој го видел во Ерусалим, заедно со круната од трн со која Исус бил крунисан и распнат на крст.

Откако Персијците ја освоиле Светата земја и го скршиле копјето на два дела, неговиот врв е оставен во Цариград каде бил чуван во Света Софија, а потоа во црквата Девица Фароска. Царот на Константинопол Балдвин Втори го зел за себе откако крстоносците ја освоиле Византија, а покасно му го продал на францускиот крал Луј IX. Копјето исчезнало за време на Француската револуција.

Кога Османлиите пристигнале во Цариград султанот Бајазит II му го подарил светото копје на папата Иноцентиј VIII како би го охрабрил да продолжи да го држи неговиот брат во заложништво.

Папата Бенедикт XIV во средината на 18 век докажал дека копјето е автентично .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.