Текстилната компанија Комфи Ангел од Прилеп на интересен начин успева да ги мотивира своите работници.
Во компанијата еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари.
Притоа во лотаријата партиципираат сите вработени во компанијата. Ова е уникатен начин на комуникација со вработените, кој ретко каде го има во другите компании.
Претходниот добитник на лотаријата, овој месец и донесе среќа на Јованоска Елена. Вработените во “Комфи Ангел” упатија честитки до добитникот на наградата.