И ФРЛИЛ ПОРАКА НАПИШАНА НА ХАРТИЈА: Жената не можела да верува што и напишал кондуктерот во градскиот превоз

tramvaj-autobus

Малите гестови се доволни за на некој да му го разубават денот и да му покажат дека не живееме во така расипан свет како што некои сакаат да го претстават. Вистински пример за ова е потегот на кондуктерот од градскиот превоз во Нови Сад кој ја развеселил една жена.

Дека не се врти се околу парите доказ е оваа приказна. Жената целиот настан потоа го напишала на Фејсбук, објаснувајќи дека не може да верува што и се случило:

– Пред неколку денови заедно со внуката која има 5 години одевме во Нови Сад со приградски превоз. Убедена дека карта плаќаат само децата на школска возраст, не ни прашав дали треба да се плати карта за неа. На половина пат, кондуктерот ми пријде и ми фрли порака напишана на хартија на која пишуваше: ” Во случај да влезе контрола, девојчето нема четири години. Фала!”.

– На излегување од автобусот му се извинив на кондуктерот бидејќи не прашав дали треба да се плати карта на што тој ми одговори: “Нема проблем. Се најдобро”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.