Претседателот на Русија Владимир Путин согласно традицијата во рани мугри влегува во светени води во близина на манастир во Тверската област.
Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател учествувал во богојавленското капење, нуркајќи во ледената водат на езерото.
-По повод празникот Богојавление Путин отслуша дел од литургијата и учествуваше во богојавленското капење во езерото Селигер, изјави Песков.
Тој додаде дека Путин отишол во Тверската област, каде го посетил машкиот манастир Нило-Столбенска пустина.
Извор: Република