Перуанската власт би сакала да ја стави националната фудбалска федерација под своја капа, што никако не и се допаѓа на ФИФА. Ако помине навистина најавата за новиот закон, тоа би значело избацување на репрезентацијата од Светското првенство.
Имено, ФИФА жестоко се спротиставува на мешањето на политиката во фудбалот. А оваа нова ситуација претставува шанса за другите репрезентации, кои не успеаа да се пласираат на првенството.
После 36 години фудбалерите на Перу успеаа да ја исполнат желбата на сите Перуанци и конечно се пласираа на Светскотот првенство.
Тие во баражот го исфрлија Нов Зеланд, но се чини дека настапот во Русија би можел да биде доведен во прашање и тоа поради политиката.
Палома Ночеда, перуанска политичарка од владеачката партија која е претседателка на Одборот за млади и спорт, предложила нов закон, според кој Перуанската фудбалска федерација би станала дел од националниот Институт за спорт, пренесува перуанскиот весник Либеро.
Овој предлог на Ночеда сепак има еден голем проблем, тој е во спротивност со строгите одредби и правила на ФИФА.
Светската фудбалска организација не трпи влијание на политиката врз фудбалот и затоа побарала дополнителни информации од Перуанците.
Помине ли предлогот на овој сакон, можно е ФИФА да ја суспендира федерацијата на Перу и така тие да бидат исфрлени од Мундијалот.
Доколку се случи тоа, со радост оваа вест ќе ја прифатат другите земји кои и покрај тоа што не се пласираа на првенството, би имале шанса да играат во Русија.
Не чекаа долго ниту италијанските медиуми, кои веднаш почнаа да пишуваат за можноста испразнетото место да заземе баш репрезентацијата на Италија.
Инаку, Италија во плеј-офот испадна од Шведска и после 60 години ја изгуби можноста да игра на Мундијалот.
Перуанската федерација веднаш се спротистави на оваа најава на владата за новиот закон и ја повика да не одобри.
Тешко е да се очекува дека тој навистина ќе помине, но страстите се зовриваат во Пери, но и кај Италијаните во овој случај.
Инаку, пласманот на Перу на Светското првенство предизвика голема прослава, Перуанците дури и предизвикале земјотрес славејќи ја големата победа на Нов Зеланд.
Погледнете дел од атмосферата после пласманот на Мундијалот: