Историјата се повторува: Одреден притвор и за правнукот на Ченто

Кривичниот суд во Скопје поврзано со настаните од 27 април го прифати барањето за одредување мерка притвор во траење од 30 дена на обвинителството и истата ја изрече за 13 лица, додека 6 лица ќе бидат во куќен притвор.

Меѓу првите се најде и името на прилепчанецот Јане Ченто, правнук на првиот Претседател на Презизидиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Се чини дека историјата се повторува и повторно истата прилепска фамилија е под напад на левичарите, тогаш комунистите, а денес социјалдемократите како наследници на таа иста идеологија.

Прилепчани беа згорозени и разочарани од ваквата постапка на судот и жестоко реагираа по социјалните мрежи.

Инаку, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, а притвор во траење од 30 дена беше изречен за:  М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М., додека мерка куќен притвор им е одреден на С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.