Советот на општина Прилеп на вчерашната седница расправаше за распишување на референдум, за изјаснување на граѓаните околу Стратегијата за интеграција на бегалци и странци на министерството за труд и социјална политика.
Оваа расправа дојде на дневен ред, откако граѓанската иницијатива “Будење” во петокот до претседателот на совет на општина Прилеп Никола Димески, достави повеќе од 2.500 потписи.
Прилепчани на 15 октомври покрај избор на градоначалник и членови на Советот на општината, ќе гласаат и на референдум за доселување на мигранти во нивниот град
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” при донесување на оваа одлука се водеа од волјата на граѓаните, сметајќи дека токму за вака важни прашања граѓаните мораат сами да одлучуваат.
Инаку Стратегијата за интеграција на бегалци и странци предизвика бура на реакции во градот под Марковите Кули и огромен револт кај граѓаните, кои се преплашени дека ќе се повтори историјата кога на почетокот на 90-тите години, тогашната влада на СДСМ планираше да насели илјадници бегалци од Босна и Херцеговина во Прилеп.
A/Г/