19-годишниот Антониј Тентов во изјавата за „Дерби“ тој не сака да зборува за „второто полувреме“ односно за искуството со органите на јавниот ред и мир кои констатирале прекршок и му изрекле глоба, туку само да ја раскаже својата верзија за сторијата што ја насловува како „најубавото нешто што ми се случило во животот“.
Во разговорот за „Дерби“ дознавме дека Антониј е успешен студент и тренира кошарка, како и дека не бил под дејство на алкохол или дрога, односно како што опишува во изјавата, бил понесен од адреналинот.
– Долго време планирав да направам нешто вакво, но немав соодветна можност. Суперкупот на УЕФА беше грандиозен настан и вистинска шанса да го остварам својот сон. Последните 20 минути од натпреварот имав енормен наплив на адреналин, нешто што не можам да го опишам со зборови. Тој адреналин кулминираше на самиот крај на натпреварот, па го погледнав теренот и се запрашав: „што ако можам да направам нешто што ќе го паметам цел живот, и јас, а и сите други присутни на „Телеком арена“? Скокот беше страшен, му благодарам на Бога што ме чуваше цела вечер. Верувајте не е лесно да се скокне од четири метри височина, на нерамна површина и преку жив ѕид од редари. Само што доскокнав, веднаш протрчав покрај редарите и влегов на теренот, вели Антониј.
Целата изјава прочитајте ја на Дерби.мк