Инцидент пред изрекувањето на пресудата на Младиќ – интервенирала полицијата

Час и половина пред изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ дошло до инцидент пред судницата.

Имено, порталот N1 пишува дека непознат маж пред судницата каде ќе се изрече пресудата се појавил со знаме на Србија, а веднаш реагирала претседателка на Здружението „Жена-жртва на војната“, која се обидела да му го одземе знамето, заедно со насобраните лица.

Интервенирала и полицијата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.