Македонија гласаше против одлуката на САД и претседателот Доналд Трамп со која официјален Вашингтон го призна Ерусалим како главен град на Израел. Со глас „за“ резолуцијата која денес се гласаше на Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија и во надворешната политика застана рамо до рамо со радикалните вахабистички режими, поттикнувајќи и поддржувајќи анти-семитизам
Со глас „За“ резолуцијата предложена од арапските и муслимански земји, Македонија денес гласаше против признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД и претседателот Доналд Трамп, ставајќи знак равенство помеѓу Македонија и предлагачите на резолуцијата како Саудиска Арабија и останатите вахабистички режими на блискиот и среден Исток.
Претходно, претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе донесе одлука за прекинување на меѓународната помош која неговата влада ја дава во земјите кои ќе ја поддржат оваа резолуција.
Новинарот Љупчо Златев објави и статус на својот ФБ профил со кој алармира на сериозноста на ваквата постапка и ризиците кои би можеле да следат по ваквото гласање во генералното собрание на ОН.
Извор: Инфомакс