Интервју со Хари Ристески: Прилепскиот диџеј чија музика ќе ја пуштаат светски диџеј имиња

Да се забавува голема публика и да се погоди сечиј вкус, особено да сте “виновникот” за добра забава и прекрасен помин, не е воопшто лесна работа. Хари Ристески или Диџеј Харис е млад музичар и продуцент, а пред се вљубеник во музиката. Желбата да застане зад диџеј кабината ја добива уште на мали нозе, од тогаш посветено чекори кон она што се нарекува движење во ритам, посветувајќи ја целата своја енергија во продуцирање на енергични звуци, кои ќе допрат до секое уво. Нам ни е чест што за гостин го имаме еден од најперспективните диџеи во државата, кој се грижи за добрата забава низ цела Македонија.

 18816302_1678578365490195_378034968_n

Kако се роди љубовта кон музиката и што беше пресудно да застанеш во диџеј кабината и да ги забавуваш луѓето?

Пред се, фала за поканата за интервјуто. Па, љубовта кон музиката ми е од мали нозе, имам завршено основно музичко училиште тука во Прилеп. Пред да застанам зад диџеј кабината, редовно ги посетував нашите локали, се поврзав на некој начин со тогашните диџеи, ме привлече енергијата што се пружи на таквите журки и добрите вибрации, и решив и јас да ја превземам таа одговорност.

Лесно ли е да се биде диџеј, да се забавува публиката и да си погоди вкусот и расположението на присутните гости во локалите?

Искрено, не се станува диџеј преку ноќ. Треба вежбање, едукација во музиката и кон правецот што си го одбрал да го сервираш на публиката.

18816340_1678578732156825_1355201037_n

Каде најчесто настапуваш?

Настапувам низ цела Македонија, во кафиќи, ноќни клубови, фестивали итн.

Каква музика негува Диџеј Харис и што се може да се слушни на твоите сетови за време на настапите?

На моето мени се најдува пред се Хаус музиката, ЕДМ, Трап и Хип Хоп. По настапите се обидувам на секого да му пружам позитивна и голема енергија.

18816804_1678578332156865_773143267_n

Имаш ли некој свој сопствен производ до сега изработено?

Заедно со диџејството исто така и продуцирам. До сега имам извадено над 20 песни и ремикси под мое име од типот Прогресив и Електро Хаус и Трап жанр.

Дали соработуваш со некоја дискографска куќа?

Па до сега 90% од песните што ги имам направено се издадени за различни издавачки куќи надвор од нашава земја, како на пример – Paranoja Records (Austria), Kallexas Records (Serbia), Tropical Madness Records (Argentina), Vandetta Records (Serbia), The Lucky Network / Trap 13 Records (France) итн.

18788744_1678578302156868_1718920999_n

Што според тебе недостига на македонската диџеј сцена? Имаме ли добри млади диџеи кои можат да растураат во иднина на големи настани?

На македонската сцена имаме многу млади диџеи што се навистина талентирани и веќе имаат безброј искуства. Не фали ништо, само да продолжи желбата и упорноста кон оваа професија.

18787949_1678578355490196_1777381026_n

Дали соработуваш со некој од познатите диџеј имиња?

Моментално не соработувам, но имам навистина за мене одлична поддршка од големите имиња како што се – Dada Life, Ookay, Aerochord, Ftampa, LOUDPVCK, Slander, Felguk, Henry Himself итн.

Каде се гледа Диџеј Харис во иднина, која е твојата цел која сакаш да ја постигнеш преку музиката?

Кај се гледам.. хмм… Па се гледам искрено на големите фестивали и клубови. А целта од време на време се менува кога ќе ја постигнам.

Од твоите искуства и настапи надвор од Прилеп, што му недостига на градот под Марковите Кули, каков вид на забава?

Забавите си се на место, само народот треба повеќе да ја цени електронската музика. Она што ќе го доживееш од балканската музика и од електронската е сосема различно.

За крај твој совет кон сите оние кои сакаат професионално да се занимаваат со овој тип на работа

Само упорност и желба за работа, да бидат позитивни, да го живеат својот сон, и да не се замараат ако некој ги критикува, тоа да им  биде мотивација плус за постигнување на тоа што го замислиле.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.