Станува збор за новите опции: Stories Highlights и Stories Archive, кои помагаат вашите фотографии и видео-снимки да се сочуваат, наместо да се бришат по 24 часа.
Видеата и фотографиите кои се сочувани ќе можете да ги видите само вие, се додека не одлучите повторно да ги споделите.
“За време на минатата година, “Instagram Stories” претставуваа најдобар начин на изразување, но не можевте да ги сочувате подолго од 24 часа. Сега можете да ги групирате важните настани, но и да ги задржите на вашиот профил”, соопшти компанијата.
Ф.Г.