Има 128 години и тврди дека е Адолф Хитлер: Човек од Аргентина го шокираше светот

hitler

Маж стар 128 години од Салта, Аргентина, тврди дека е Адолф Хитлер лично и дека последните 7 децении ги поминал криејќи се.

Иако е лесно да се посомневаме во овие тврдења, тие се поткрепуваат на откритијата во ризинците на нацистичките артефакти во оваа земја.

Во интервју за локален медиум, натурализираниот германски мигрант објаснува дека во Аргентина стигнал 1945 година со фалисификуван пасош, кој бил произведен од Гестапо по завршувањето на Втора светска војна. Пасошот гласел на името Херман Гунтербер, пишува Спутник.

Како што рекол, одлучил да го прекине долгиот период на креиње бидејќи во 2016 година израелската тајна служба Мосад и официјлно ја напуштила својата политика за потрага по нацистичките злосторници. “Хитлер” додава и дека има намера својата автобиографија да ја објави во септември и да го “врати” својот јавен имиџ.

– Ме оптужуваат за злодела кои никогаш не сум ги направил. Поради тоа морав да го поминам половина од мојот живот криејќи се од Евреите, така ја отслужив својата казна. Ме прикажуваат како лошо момче само затоа што ја изгубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата приказна, тоа ќе им го промени начинот на кој ме доживуваат – вели Гинтерберг кој тврди дека е Хитлер.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.