„Илјада лајкови или ќе го пуштам“ – за популарност ќе си го фрлел бебето

bebe1-125909

Судот во Алжир на две години затворска казна осуди маж кој го извадил своето бебе низ прозорецот со цел да собере повеќе лајкови на Фејсбук, јавува Би-Би-Си.

 

Таткото објавил слика како го држи бебете надвор од прозорецот во висококатница, а на постот напишал: „1.000 лајкови или ќе го пуштам“.

 

Корисници на социјалните мрежи го пријавиле и побарале тој да биде уапсен.

 

Таткото бил уапсен под сомнение дека ја загрозил безбедноста на детето.

 

Според некои од медиумите, настанот се случил на 15-кат на зграда во главниот град на Алжир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.