Ликовниот проект ,,Изминување на времето,, – изложба на дела од автори од Р.Чешка и Р. Македонија ќе биде претставен пред прилепчани во среда 10 мај од 18.30 часот во ЦК,,Марко Цепенков,,. Се работи за изложба на дела од група уметници Ленка Сарова Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски / гостин/.Авторите кои ќе бидат претставени со дела се од различни генерации, творејќи во различни медиуми како сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн.
– Дадениот момент, времето ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време вели кураторот на изложбата ликовниот уметник Петра Јовановска, потенцирајќи дека изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура.