Изградба на нови тротоари и пешачки патеки во Прилеп

Градот под Марковите кули, деновиве интензивно работи на поставување на нови тротоари, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Станува збор за улицата „Александар Македонски“.

t6-640x427

„Во моментот се работи на улицата „Александар Македонски“ поточно на потегот од улицата „Димо Наредникот“ до фабриката 11-ти Октомври и тоа од десната страна, се прават за прв пат во историјата на Прилеп нови тротоари со бехатон плочки, пешачки патеки и патеки за велосипеди со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“ посочи градоначалникот Марјан Ристески.

t7-640x427

Оваа инвестиција чини 30 илјади евра, средства обезбедени од локалната самоуправа.

t5-640x427

Од локалната самоуправа на Прилеп истакнуваат дека со ваквиот тип на инфраструктурни проекти ќе се продолжело и понатаму. Само за оваа година од комуналната програма ќе биле направени 5 илјади м2, тротоари со бехатон плочки и средувањето на тротоарите, изградба на пешачки и велосипедски патеки на повеќето фреквентни сообраќајници со кои значително ќе се олеснело движењето на пешаците.

prva

treta

vtora

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.