Околу 10 часот на улицата „Трајко Тарцан” во Прилеп, од непознати причини настанал пожар во просториите на објектот на старото Инфективно одделение во кругот на Јавната здравствена установа – општа болница „Борка Талески”, кој не е во употреба и кој е исклучен од електричната мрежа.
Од пожарот изгорела стара документација и дел од таванот на објектот. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полицијата во Прилеп.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.