Доаѓа лето, почнуваат горештините и летните одмори и секако проблемот со кожата и изгорениците.
Кајсијата е едно од омилените овошја во летниот период. Се јаде свежа, со неа се прават сокови, чаеви или компоти, но како и да ја внесувате во организмот, таа е извор на здравје и енергија.
Дел од придобивките од кајсијата се ублажувањето на иритации на кожата, особено оние од сонце. Поради ова, кајсијата е особено корисна за летниот период и горештините.
Таа е супер средство за борба против изгореници, кожни болести и секакви иритации.