Како новина за посетителите на “Пиво Фест 2017”, организаторите приредија повеќе изненадувања. Едно од нив беше и изборот на најдобра селфи фотографија, па гостите на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, имаа можност да испраќаат фотографии на фејбук фан страната, pivofestival.mk.
За сите фестивалски дена, на најдобрите фотографии, фестивалското жири составено од организацискиот тим, градоначалникот, водителката и медиумските фоторепортери, доделија по две влезници во бекстејџот на сцената, а главната награда или најголемиот прилепски фраер, мајмунчето Алис, ќе оди за Ана Теговска.
Жирито одлучи дека оваа фотографија е најиновативна и најинтересна. Дечките носат најлони на главата за време на краткотрајниот дожд на втората фестивалска вечер.
Ова се останатите фотографии кои пристигнаа на pivofestival.mk:
A/Г/