Уште едно ново засилување за ПОБЕДА: Иван Ивановиќ пристигна во Прилеп

Прилепскиот прволигаш Победа вчера го официјализира ангажманот на 27-годишниот црногорски интернационалец Иван Ивановиќ.

Ивановиќ се очекува да ја засили конкуренцијата и да го подигне квалитетот на напаѓачкиот дел од тимот на шефот на стручнот штаб Славољуб Бубања.

Станува збор за искусен фудбалер кој во својата кариера настапувал за повеќе црногорски клубови: Челик Никшиќ, Младост Подгорица, Рудар Пљевља, Морнар Бар, а како интернационалец и за тимот на Атурај од Казахстан.

Прогласен е за најдобар играч на Црна Гора во сезоната 2013/2014 кога го бележи и својот прв репрезентативен настап во мечот против Луксембург.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.