“Иванов може да не даде УКАЗ и на договорот Заев-Ципрас и истиот никогаш да не стапи во сила?!”

Пишува Тодор Петров

Меѓународните договори подлежат на ратификација во Собранието. Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон.

Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство (61) од вкупниот број пратеници (120). Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина (40) од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.

Меѓународните договори се ратификуваат со најмалку една третина (40) од вкупниот број пратеници, доколку присуствува мнозинство (61) од вкупниот број пратеници (120).

Најважно од се’, Владата не е надлежна за склучување на договор од формат каков што се предлага меѓу Македонија и Грција по прашањето за името на државата и идентитетот на нацијата, меѓутоа Владата води погрешна процедура и флагрантно го крши Уставот вршејќи суспензија на функцијата претседател на Републиката.

И да се ратификува во Собранието со потребното уставно мнозинство, и за овој Закон за ратификација на Договорот Заев-Ципрас важи уставната обврска дека мора да се прогласи со указ! Указот за прогласување на законот го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот е должен, но не мора да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот Заев-Ципрас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. А, штом тоа се случи, ниту Законот за ратификација постои, ниту Договорот Заев-Ципрас!

Се разбира, во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката (проф.д-р Ѓорге Иванов) ја врши претседателот на Собранието (Талат Џафери). Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.

Постои веројатност д-р Ѓорге Иванов да биде убиен (досега на двајца претседатели на Републиката им беше извршен атентат), во тој случај до изборот на нов претседател функцијата претседател на Републиката ќе ја врши претседателот на Собранието Талат Џафери. Меѓутоа, таа опција е многу ризична, затоа што може да предизвика граѓанска војна, дури тогаш не ќе се знае кој кого на улица убива…

Но, најважно од се’: Прашањето за името е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите, без исклучок!

Никаков договор не може да ја суспендира слободно изразената волја на избирачите на референдум која е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за сите, без исклучок!

Ако, и покрај се’, пројде процедурата за прогласување на законот за ратификација на Договорот Заев-Ципрас кај претседателот на Републиката, мора да се излобира кај постојаните земји членки во Советот за безбедност на Обединетите Нации барем една од нив (САД, Велика Британија, Франција, Руската Федерација и Кина) да стави вето, доколку Метју Нимиц, во нестандардна процедура, спротивна на меѓународното право, тој билатерален договор го поднесе на прифаќањево Советот за безбедност, за Советот за безбедност со резолуција да го поднесе на потврдување во Генералното собрание, каде што пак треба да се појави Зоран Заев, да се заблагодари на сите што досега не’ признале под името Македонија и да каже дека од тој ден Македонија ќе се вика поинаку, како што тој тоа го договорил со Ципрас. Таа гаранција ја бара Атина, како потврда дека самите ќе се обезимениме и обезличиме пред целиот свет, што е преседан досега невиден во меѓународното право и во светската историја!

Господ напомош нам Македонците и на Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.