Кога се работи за Македонија и кога нејзината иднина е загрозена, прилепчани се први на браникот за одбрана на својата татковина.
Во овие тешки моменти кога иднината на Македонија каква што ја познаваме е целосно ставена на коцка, граѓаните се тие кои се најповикани цврсто да застанат и да спречат одлучување на зелена маса за судбината на ова парче библиска земја.
Некој со сила, со зла намера сака да ги руши тие вековни корени. Некој со сила сака да се погази посебноста на Македонците и да уништни македонското ткиво и идентитет.
Платформата од тирана е инструментот, а Зоран Заев е марионетата за инсталирање на тој инструмент.
Прилепчани и вечерва по 73-ти пат излегоа низ градските улици и одново се спротиставија на идејата за федерализација на државата.
Гласни, но со загриженост и внатрешен немир, од помислата дека ќе станат народ од втор ред во својата држава.
На вечерашниот марш “За заедничка Македонија” во Прилеп одново беа побарани нови избори и попис на населението, но неизостана и поддршката за претседателот Иванов, кој тврдокорно ги брани националните и државни интереси.