ИТНО ДА СЕ РЕСТАРТИРААТ КИНЕСКИТЕ И РУСКИТЕ ПРОЕКТИ: СМК предупредува дека нова Влада намерно ги кочи автопатите кон Штип и Охрид!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од повеќемесечниот застојот на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид во чијашто изградба учествува Кина.

avtopat_kineski

СМК очекува најитно продолжување на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид поради македонските интереси и продлабочување на економската соработка во областстите на енергетиката, градежништвото и земјоделството со Кина во рамки на Програмата 16+1 за земјите од Централна и Источна Европа!

СМК се надева дека застојот на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид не е предизвикана од “грешки во проектирањето, ненавrемено решавање на имотно-правните односи на првиот и изместување на трасата на вториот“, поради евентуална стратешка намера на Владата да ја прекине соработката со Кина и ги елиминира од територијата на Македонија, поради стратешките интереси на САД за суспензија на руските и кинеските инвестиции од Македонија за нивни глобални интереси на овие простори.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.