“ИСЧЕЗНА” ЏУЛИЈАН АСАНЖ !?

 

Твритер профилот на основачот на Викиликс Џулијан Асанж исчезна во неделата, а корисниците на социјалните мрежи се збунети и прашуваат што се случува.

Некои корисници сметаат дека Асанж сам го избришал својот профил, но некои мислат дека компанијата Твитер го суспендирала, пренесува ИБ тајмс.

Профилот @JulianAssange не постои, а причината не е позната. Извор близок до Викиликс пренесува дека не е запознат со плановите на Асанж да го деактивира својот профил.

Како што се наведува, шансите Твитер да го суспендира Асанж се мали.

Компанијата Твитер на 18 декември постави нови правила во врска со суспендирањето на профилите, според кои ќе се отстрануваат сите личности кои се поврзани со групи на омраза на било кој начин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.