Пратениците во Македонското Собрание и екскоманданти на УЧК, Али Ахмети и Талат Џафери алиас Форина, на денешната седница гласаа за да им се одземе имутиетот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
По ова, осомничените пратеници ќе издржуваат мерка притвор, затоа што се товарат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Двајцата пратеници кои денеска гласаа пратениците да бидат прогласени за терористи, во конфликтот во 2001 беа команданти на ОНА, македонското крило на УЧК, организација која американскиот Стејт департмент, Обединетите нации и уште неколку меѓународни организации ја класификуваат како терористичка организација.
Извор: infomax.mk