ИЗЖИВУВАЊЕ СО НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ: Го терале да прави склекови бидејќи рекол дека Груевски е во право за името!

До редакцијата на „Курир“ пристигнало анонимно писмо во кое вработен во администрацијата пренесува дел од своето искуство во првиот месед од новата администрација.

pismo_1112

vtoro

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално:

Потекнувам од едно скопско предградие, од семејство на чесни работници, со трајни белези на мачната транзиција која за некого значеше богатство, а за мене и моето семејство, јад, чемер и мака. Но и мотив да се успее. Затоа од семејство на двајца стечајци, и немате некој голем избор, ќе се предадете на улицата или ќе влезете во борба со животот. Јас го одбрав второто, и навистина бев успешен студент. Со просек 9.8 и меѓу трите најдобри во генерацијата. Мојот татко велеше учи синко, за да не бидеш обичен работник, твоето ќе дојде. И во 2008-та навистина дојде шанса. Владата објави повик за практиканство.

Обично велеа, наместен е повикот, ако не си член на владеачката партија не се ни обидувај. Но јас се обидов, и стигна повик, примени сте, влегов како практикант. По една година работа за малку пари воспоставив и траен работен однос. Земав решение. Го работев она што го сакам. Правник. Никогаш не ме интересирале партии, и навистина можам да посведочам дека не ми побарале книшка ниту сум помислувал за ангажман. Но ова прашање за партиската припадност започна да ме мачи се до смената на власта.

1 јуни 2017-та. Во владата дојде нов премиер. Меѓу колегите наназад со недели се шушка кој ќе дојде, кој ќе биде новиот шеф. Дали ќе има полнење на партиски кадри. Им велев не бидете песимисти, и Заев е од крв и месо, самиот велеше дека сака луѓе професионалци, човекот ќе има разбирање и покрај целата негативна енергија, вистинските луѓе ќе ги задржи на работа. Дојде и тој ден. Цела фурија на новинари и новиот премиер дојде во влада. По сликањето си заминаа. Останаа неговите нови кадри кои по се изгледа дојдоа од партиското седиште. Некој Роберт, Александар, некоја Весна, Љупка, Сандра,…. кој уште не… цврсто бев убеден во она што го збореше Заев, професионалци, наместо партиски кадри… но едно е пред камерите, друго зад нив. Почнаа да прават списоци, да се шушка дека ќе не викаат на состаноци, па пописи на инвентарот, како да сме некои крадци, а се уште сите ние седиме на столчињата и масите кои се тука неколку години, заеднички работиме на истиот фотокопир и штедиме боја, и хартија. Само гласини и зборови. Две недели никој не влезе во канцеларија. Никој не не побара ниту даде работа. Си велам може уште не знаат што е потребно, ќе биде подобро. Во средата слушнавме и прочитавме дека тројца се избркале од работа од Министерството за култура. Тоа веднаш се пренесе до вработените. Почнаа да бркаат се коментарите. Едната била стара жена, мајка на два тинејџери, сега е на улица, другиот вработен млад човек што туку полетен и желен за работа. Сето тоа создава мачнина.

Во петокот дојде новиот шеф. Влезе со пријателски разговор. Не праша што мислите дали треба да се смени името…Јас онака емотивно на прва излетав, како од пушка не не треба да се смени. Ние 26 години истрпевме, не треба да смениме сега. Најлесно е за да се смени, па Груевски ако беше за смена ќе го сменеше до сега, но не им попушти, треба да градиме политика на континуитет, и сега не треба да се попушти. Само што го спомнав името на Груевски се смени изразот на лицето и промени атмосферата. Новиот шеф рече, ми се обрати ладнокрвно, чим многу си го сакаш Груевски, тогаш оди кај него, а ако сакаш да останеш ќе правиш од понеделник секој ден по десет склека и има оро да играш, викајќи со повишен тон и трескајќи ми ја вратата.

Нешто промрморе низ ходниците и не го видов повеќе тој ден. Си викам за ова ли учев, за ова ли посетував десетина обуки, и уште толку семинари. Ова ли е животот на администрацијата кој и го ветуваа. Мојата судбина е во рацете на неспособен шеф, но тоа не е ни толку битно, колку фактот што овие управуваат со државата и со животите на сите. Не можев да му одговорам, но еве сега преку ова писмо одговорам…Нема да ме скршите.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.