Авион на компанијата “Ер Франс” бил на помалку од 10 минути од местото на кое паднала севернокорејската балистичка ракета минатата недела, јавува американската ТВ мрежа Еј-Би-Си.
Авионот од типот “Боинг 777” на француската компанија летал од Токио за Париз со 323 патници и ченови на екипажот кога влетал во зоната на над Јапонското море, каде паднала севернокорејската ракета.
Компанијата “Ер Франс” соопшти дека ракетата воопшто не го загрозила летот 293, но Пентагон изрази загриженост поради можната опасност за комерцијалните летови на тоа подрачје.
Ф.Г.