Зоран Заев ги излажа македонските граѓани, покачување на даноците од јануари

Зоран Заев на седницата во Собранието кога ја превзема функцијата премиер во неговото експозе изјави дека ќе бидат намалени даноците и дека ќе се стреми да има повеќе пари кај граѓаните. Тој вети дека семејните буџети ќе бидат поголеми, а давачките намалени. Но тој ги излажа граѓаните. За само 5 месеци, граѓаните имаат помали плати, поголеми трошоци, а ќе се зголемат и даноците.

– Паралелно ќе работиме и на враќање на парите кај граѓаните и намалување на трошоците на живот. Владата ќе воведе нов систем “Повеќе пари кај граѓаните“. На граѓаните ќе им се враќаат по 15 проценти од платениот ДДВ во фискалните сметки, со исклучок на данокот на луксузни производи. Семејните буџети ќе ги зголемиме и со тоа што ќе бидат намалени повеќе давачки, изјави Заев во неговото експозе.

Во меѓувреме владата на СДСМ и Заев за само 5 месеци ја задолжи државата за 431 милиони евра, а од државните резерви стопија 180 милиони евра со што вкупната бројка на задолжување на државата изнесува 611 милиони евра. Владата на СДСМ потроши неверојатни 611 милиони евра, без ниту еднаш да им објасни на македонските граѓаните на што точно се потрошија тие пари, бидејќи никој од нив не виде никаков бенефит.

Исто така за изминатите 5 месеци додека СДСМ е на власт падна индустриското производство а почна да паѓа и просечната плата. СДСМ ја турна државата во рецесија и направи пораст на инфлацијата, а крати од капитални проекти кои генерираа приходи во повеќе индустриски гранки.

Сето тоа предизвика огромна буџетска дупка која што мора да биде покриена, а таквото покривање владата на СДСМ го направи со покачување на даноците. Прво на удар е покачување на акцизите на горивата кои што ќе растат 3.54 денари по литар гориво од 1 јануари 2018 година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска од прес конференција во министерството за финансии изјави дека ќе се зголемуваат цените на горивото и даноците на граѓаните.

-Зголемување на акцизата на нафтата за 3 денари. Во моментов препораката на ЕУ е акцизата за нафтата да изнесува 0,33 евроценти, а во Македонија изнесува 0,20 евроценти. Една од главните причини е заради заштита на животната средина, намалување на загадувањето. За нас ова ќе донесе дополнителни приходи во Буџетот . Очекуван ефект е од 1,6 милијарда денари од акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то, рече Тевдовски.

Зголемувањето на даноците ќе предизвика зголемување на цените на производите, а први ќе бидат прехранбените проекти. Со поголемите трошоци стопанствениците ќе почнат да ги намалуваат платите на работниците. Тоа ќе доведе до зголемување на сиромаштијата.

Граѓаните секојдневно ќе имаат поголеми трошоци за живот кои нема да можат да ги покријат со намалувањето на нивните плати. Тие стравуваат дека ваквата лоша економска политика ќе ги донесе на работ на егзистенција и се загрижени како ќе успеат да ги прехранат своите семејства.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.