Златко Димоски е избран за национален тренер на Австралија

Македонскиот сенсеи Златко Димоски е избран за национален тренер на цела Австралија за кати сениори, У-21 јуниори и кадети, објави Ипон.мк

„Претходно со Бети (сопругата на Димоски-н.з.) бевме избрани за државни тренери на Западна Австралија, тука ги викаат стејт коуч, како кај нас порано републички тренери.

Но, по напорна работа сега сум национален тренер на Австралија“, изјави Димоски специјално за IPON.mk.

Како што добро е познато, Димоски е татко на двете шампионки близначките Мишела и Маријана, кои неодамна на Балканското првенство во Херцег Нови меѓусебно се натпреваруваа во финалето.

Тој заедно со сопругата Бети се на пат да изградат врвни спортисти, кои за скоро време ќе бидат на самиот врв во Европа и светот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.