Страшните потреси кои неодамна го погодија Балканскиот Ерусалим не ги исплашија туристите. Охрид е преполн со гости од сите страни на светот и државата. Плажите исполнети до последно место, а сопствениците на угостителски објекти и кафитерии тријат раце.
Маркукуле денес го посети македонскиот убавец и одблиску се увери за бројноста на гости.
Најатрактивни како и секоја година се плажите покрај кристално чистата вода во “Градиште”, каде врие од млади луѓе и ечи од музика.
Во ништо не заостануваат и плажите во Славија, Пештани, Љубаништа и плажата Голден Бич.
А/Г/