Посебниот советник за земјоделство на премиерот Заев, Ленче Николовска и државниот инспекторат за земјоделство на социјалните мрежи се пофалија дека се шетаат низ Европа, додека земјоделците плачат за катастрофалната состојба во која се доведени, пишува порталот Курир.
Впрочем извесно време земјоделците се жалат на рекордно ниската откупна цена на зелките која падна од 8 до 10 денари, а беше барана да биде 30 денари од килограм.
Земјоделците револтирани поради новата програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бараа итна средба со министерот Николовски и надлежните, меѓутоа беа оставени на милост и немилост.
Исто така и директорот на државниот инспекторат за земјоделие замина за Италија на семинар, наместо да ги испрати вработените да се здобијат со одредени знаења и вештини.
Имено вчера производителите на пролетната зелка во селото Сарај, струмичко со мирен протест го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени бидејќи производството им е неисплатливо.
Тие уште еднаш го повикаа министерот Николовски и надлежните наместо да одат на патување, да се зафатат со работа и да пронајдат заедничко решение со земјоделците.
Единствена со која можеле земјоделците да стапат во контакт беше советничката Ленче Николовска која сега е на патување во Софија, од која добиле одговор дека „Има многу зелка и цената не може да расне“.
Извор: kurir.mk