Здружението „Блаже Конески“ со порака до Заев: Наместо да потпишувате договор, одведете го Борисов на гробовите на хероите да им се извини

Граѓанското здружение „Блаже Конески“ денеска повторно протестираше пред Министерството за надворешни работи против договорот за добрососедство Владата на Зоран Заев треба да го потпише со Бугарија.

 

-Наместо да потпишувате договор, одведете го вашиот пријател Борисов на гробовите на хероите, да им се извини, со што би започнал процесот на спријателување. Се друго е силување и понижување на македонскиот народ, му порача Љубомир Сенковски од Здружението на Заев.

Тие пред МНР оставија три неотворени канти со боја, бела, зелена и црвена.

-Неотворени – не затоа што се плашиме од вашата казна од 400 евра. Казната што ни ја изрекувате нас е незначителна во однос на казната што и ја наметнувате на Република Македонија и македонскиот народ. Неотворени – за да можете самиот да ги отворите кога ќе го потпишете договорот, ако го потпишете, и да го обоите своето лице со боите на саканата ви држава, му порача Сенковски на Заев.

Sequence-04.00_03_19_15.Still003-640x360

Sequence-04.00_03_37_01.Still004-640x360

Вели дека човек некогаш лесно или под влијание на други, а можеби и несвесно станува предавник на својот народ, но како што рече, предавството никогаш не застарува.

-Сакаме да ве прашаме дали Христијан Тодоровски-Карпош, Раде Јовчевски-Корчагин, Мирче Ацев, Вано Гунев, Благоја Давков, Орце Николов, Боро Петрушевски, Борка Талевска, Вера Циривири-Трена, Страшо Пинџур, Васил Антевски-Дрен, Невена Георгиева-Дуња, Диме Поп Атанасов, Фруса Чедомирова, Владо Тасевски, Никола Парапунов, Перо Наков, Цветан Димов, Блажо Димитровски, Дане Крапчев, Коле Неделковски, Ѓорѓи Наумов, Стив Наумов и Кузман Јосифовски-Питу се дел од заедничката историја на Македонците и Бугарите, прашува Сенковски.

Додаде дека е срамно да се изедначуваат жртвите и џелатите.

3

Од Здружението велат дека и понатаму ќе продолжат со своите активности и оти ќе продолжат да го искажуваат револтот поради договорот за добрососедство. Посочија дека и за време на попишувањето тие ќе протестираат, но и по потпишувањето на договорот.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.