Во изминатите 12 години прилепчани имаа можност да гледаат како забрзано се развива и гради нивниот град. Од целосна руина оставена на работ на заборав, од економски поништен и инфраструктурно заборавен град, со само неколку асфалтирани улици, град без душа, без зеленило, град со уништени јавни претпријатија и руинирани локални институции, прерасна во гордост на прилепчани.
Прилеп пред 12 години
Фотографии од прилепските училишта пред 12 години
Ако некој некогаш им речеше дека нивниот град ќе изгледа вака, сигурно ќе се насмеа и ќе го направеа луд.
12 години Прилеп се развиваше и чекореше по еден нов пат, чекореше по патот на просперитет и напредок, градот доби речиси се’ што денес го отсликува како еден од најубавите во државата, а на Општина Прилеп и нејзиниот прв човек Марјан Ристески им го дава приматот најуспешни.
Токму Ристески беше двигателот на сите овие успешни процеси и според граѓаните и понатаму е најпосакуван кандидат за градоначалник и предводник на општината.
Ако треба да набројуваме што се’ се промени во градот и околните населени места, можеби ќе ни требаат цели денови, па ќе наброиме само дел од најзначајните проекти кои ги реализираше општината и градоначалникот Ристески, а кои целосно го променија ликот на градот и ја вратија гордоста кај прилепчани.
Прилеп доби нова општинска зграда и нова зграда на јавното комунално претпријатие Водовод и канализација.
Изградени и уредени со урбана опрема се повеќе паркови низ сите урбани населби во градот, но и во населените места. Меѓу нив најубави се парковите во населбата “Гоце Делчев”, паркот кај основниот суд, паркот во населбата “Toчила”, парковите околу зградите на улицата “Димо Наредникот”, зелените површини кај хотелот Липа и гордоста на прилепчани, “Паркот на револуцијата” или “Могилата на непобедените”, која беше претворена во прекрасна зелена оаза со мини зоолошка градина, спортски игралишта и вистинско место за рекреација, одмор и забава.
Парк кај основниот суд
900 метри долг парк ул. “Петта прилепска бригада”
Парк населба “Точила”
Плоштад Александрија
Парк “Димо Наредникот”
Парк околу зградите кај хотел “Липа”
Парк “Могила на непобедените”
Прилеп доби нова автобуска станица и целосно обновена железничка станица.
Се изградија 4 нови кружни текови
Се инвестираше во спортот, при што изградени се 4 супер модерни спортски сали, две балон сали, терени со вештачка трева, мултинаменско игралиште и 2 тениски игралишта. Покрај тоа се изгради стадионот на Могила, а моментално се работи на градскиот стадион.
Она што е особено за пофалба се над 10 милиони евра инвестирани во образованието во Прилеп. Училиштата ги добија сите потребни услови за работа на наставниот кадар и одржување на настава. Се инвестираше во сите училишта без исклучок како во градот, така и во населените места.
Се направи нов современ влез во градот од регионалниот пат кон Скопје.
Речиси и да не остана не асфалтирана улица. Вкупно, турено е асфалт на повеќе од 200 километри површина.
Изградени се 3 свети храмови, меѓу кои и блескавиот храм Св. Петка во населбата “Точила”, а изграден е и нов конак во манастирот Св. Архангел Михаил во населбата “Варош”. Покрај тоа се изгради и патот до манастирот Св. Димитрија во с. Селце, патот до манастирот Трескавец и патот до манастирот во с. Зрзе.
Плоштадот Методија Андонов – Ченто доби целосно нов блескав изглед, а се изградија и нови плоштади.
Прилеп се оддолжи на хероите и револуционерните дејци
Градот е еден од најчистите во државата.
Се изградија две индустриски зони, каде едната “Прилеп 1” е целосно распродадена и веќе се полни со индустриски објекти, а во иднина ќе се работи на уште две други зони. Прилеп ја доби и технолошко-индустриската зона во Алинци, каде американскиот гигант “Гентерм” веќе вработува над 1000 луѓе, а наскоро со работа ќе започне и германската фабрика “Акомпласт”, додека во изградба е и третата фабрика на гигантот “ВИК”.
Прилеп прерасна во фестивалски град и град на културни случувања. “Пиво Фест” стана најмасовното случување во годината во Македонија, а тука се и театарските игри “Војдан Чернодрински”, празнувањето на “11-ти Октомври”, карневалот “Прочка” и “Џез фестивалот”.
Се отворија нови градинки во с. Тополчани, с. Канатларци, с. Беровци, градинката во работничкиот универзитет “Пере Тошев”, а се проширија и капацитетите на постоечките.
Целосно е покриен градскиот пазар
Листата не завршува тука ова е само еден мал дел од сите реализирани проекти. Целосниот отчет на Општина Прилеп можете да го погледнете на www.prilep.gov.mk
Александар Г.