Без оглед колку некои се стари, тие немаат рок на траење, а нивните морални поуки никогаш не застаруваат. Секогаш е добро да се потсетиме на советите од нашите баби, дедовци, прабаби, прадедовци… На почетокот од годината ве потсетуваме на 12 мудри изреки кои во себе содржат древна мудрост.
1.”Ако правиш добро, не удирај со камбана”
Да покажеме хуманост, сочувство и емпатија во секоја ситуација, но да пробаме да го задржиме тоа за себе.
2.”Веселото срце е пола здравје”.
Да се потрудиме да не се грижиме премногу. Со грижа или без грижа…. проблемите не можеме да ги решиме, ниту спречиме.
3.”Во невоља не треба да се плаче, туку да се бара лек”.
Поука која се надоврзува на претходната. Од очајување нема ништо. Да го зачуваме здравјето и нервите со цел да се справиме со предизвиците.
4.”Подобро е и малку, но со благослов, отколку многу со проклетство”.
Бидете благодарни на малите нешта, кои се тука благодарение на ваша заслуга. Ако на “расипан” начин сакате да дојдете до тоа што ви недостасува во животот, нема да наидете на добро.
5.”Каде има слога, таму има и победа”.
Дека слогата куќа гради е познато од памтивек
6. “Жената мажот го носи на лицето, а мажот жената на кошулата”.
Ако мажот е добар кон жената, таа ќе биде задоволна и весела, а ако жената е добра кон мажот, тој секогаш ќе има убава и чиста кошула.
7.”Поголем број луѓе починале од јадење и пиење, отколку од глад и жед”.
Лакомоста никогаш не била добра особина. Тоа го покажуваат многу болести кои произлегуваат од премногу јадење и пиење. Да бидеме умерени во се’.
8.”Љубовта не познава за години: таа секогаш се раѓа”
Никогаш не е касно одново да се вљубиме, ниту староста не е знак дека треба да се престане да се покажува љубов кон драгите личности.
10.”Човекот го има само она што го дава”.
Уште една поука за давање и помагање. Ако ја имаме добрината, а не ја делиме со другите, тогаш тоа ништо не ни значи”.
11.”Ако е краток денот, долга е годината”.
Тоа што не можеш да го завршиш денеска, ќе го завршиш друг пат. Но: “Тоа што можеш денеска, не го оставај за утре”.
12.”Ако сакаш да знаеш каков е некој, дај му стап во рацете”.
Човекот најдобро и најреално се покажува кога во рацете има власт.