Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.
Ќе дува умeрен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 11 до 18 степени.
За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.
Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.