По повод големиот и тежок христијански празник Божиќ, Отец Пимен се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
– Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани, напиша тој.