Вечерва со почеток во 21 часот во Прилеп започнува најголемата забава на овие простори 15-тото издание на Пиво фест 2017. Фестивалот ќе го отвори македонската група Eye Que, потоа ќе настапат легендарните Психомодо Поп, а вечерта ќе ја затворат Амадеус бенд. Водител на Пиво фест 2017, исто како и лани ќе биде Маријана Станојковска. Организаторите велат дека богатиот репертоар ќе ги задоволи сите вкусови. Штандовите во центарот на градот се веќе поставени, пивото се лади, а вкусната скара е во подготовка. Се регулираат само уште најмалите ситници за да се помине беспрекорно.
Годинава како дел од забавата се воведува и една новина, а тоа е за надојбра селфи фотографија организаторите доделуваат една голема маскота мајмун. Исто така секој ден за најдобрите селфи фотки ќе се доделуваат по 2 влезници за вип делот во бекстејџот. Заинтересираните треба да ги испраќаат своите фотографии во inbox на Фејсбук страницата Pivofestival.mk.
А/Г/