„За животот и љубовта“ – Гимназијалците и оваа година ja организираа традиционалната Поетска вечер (ФОТО)

И оваа година продолжи традицијата на одржување на поетски вечери, во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на гимназијата “Мирче Ацев”.

На 27 декември 2017 г. во Арт кафе – Апореа се одржа поетска вечер со наслов „За животот и љубовта“. И овојпат присутните гости уживаа во стиховите на талентираните рецитатори, а музичките изведби го дополнија задоволството.

Стихови од македонски и светски автори рецитираа учениците: Сара Атанасоска, Леона Митреска, Лилјана Јованоска, Елеонора Михаиловска, Иван Неделкоски, Стефани Мирческа, Марија Трајкоска, Мартин Милески, Јана Луческа, Катерина Божиноска, Елена Ангелеска, Марија Јорданоска, Евгенија Стојаноска, Ивана Тодороска, Марија Димеска, Михаела Насеска, Сања Цветкоска и Стефанија Стефаноска.

Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија Антонио Николоски, Анастазија Христоска, Теодора Јовеска, Ангела Зероска, Гоце Илиески, Ана Петреска, Бистра Петреска и Ведрана Петреска.

И оваа година родителите и професорите беа дел од програмата со свои настапи.
Јагода Митреска, мајката на Леона Митреска имаше прекрасен рецитаторски настап со кој изнуди искрени топли аплаузи.

Гимназиската музичка група составена од професорите Марина Попоска и Маринко Шлакески со учениците Ангела Зероска и Гоце Илиески настапи со три музички точки. Настапот исто така беше награден со бурни аплаузи.

Со овие заеднички активности уште еднаш се потврди соработката помеѓу родителите, професорите и учениците.

Организирањето, подготовката и реализацијата на поетската вечер беше на професорите Весна Михаиловска и Лидија Тошеска, а за успешната реализација се погрижија проф. д-р Татјана Иваноска и проф.Николче Богданоски.

Фотографија: Горан Попоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.