Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јануари.
Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.
Ксенија потекнувала од римско аристократско семејство. Во семејството го добила името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвиле свадба, но Евсевија тајно го напуштила домот и заедно со две свои поранешни слугинки, го започнала монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарекла Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселиле во карискиот град Милас. Таму останале до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја открила една од нејзините сестри после нејзината смрт, зачувувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.
Верниците денеска го посетуваат нејзиниот гроб, бидејќи се верува дека нејзините мошти исцелуваат многу болести, како и дека носат среќа на оние кои ќе ги допрат. Бидејќи станува збор за голема светителка, која целиот живот се борела за правата на жените таа и денес се смета за заштитничка на поубавиот пол. Затоа денеска треба дамите да се воздржуваат од било каква изичка работа, особено врзана за домот.