Започнува фудбалската магија во Скопје: Отворена неутралната фан зона на плоштадот “Македонија” (ФОТО)

20622181_10212258799098145_1195706684503075669_n

Во главниот град започна да се чувствува магијата на големиот фудбалски спектакл кој следува утре. Скопје пулсира во фудбалскиот дух на Европскиот супер куп. Во пресрет на доаѓањето на европските великани Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, на плоштадот “Македонија” отворена е неутралната фан зона.

20621245_10212258802498230_6506836391316956165_n

20621087_10212258800458179_5189116038325601639_n

20620855_10212258801018193_5760802043659988679_n

Неутралната фан зона денеска и утре ќе биде отворена од 11 до 19 часот. Во 11 часот денеска  започна грас-рут турнир помеѓу момчиња кој се организира во склоп на „Трофеј турата“ на Фудбалската федерација на Македонија. Девојчињата кои ќе се натпреваруваат на грас-рут теренот ќе почнат утре во исто време.

20622254_10212258802218223_7074256334564618297_n

20622218_10212258803898265_3259304689018131479_n

На голема бина поставена на плоштад „Македонија“ денеска ќе настапат Симона Попоска, диџеите Матс, Контру и Бранчез, а за утре се најавени настапите на Сара Мејс, диџеј Дела, Брас Брадрс и диџеј Боби.

20637984_10212258800018168_5453723529986233891_n

20637986_10212258802978242_8613768029428560767_n

 

Сите посетители на неутралната фан зона ќе имаат можност да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА, трофеите на Суперкупот, Лигата на шампионите и Лига Европа, а за анимирање и забавување со фановите ќе се погрижи и маскотата на Суперкуп 2017 Скопје. Дополнителни активности ќе бидат организирани и од главните партнери на УЕФА: Пепси, Хајнекен, Мастеркард и Нисан.

20638002_10212258804538281_4839333197136660912_n

20638857_10212258799658159_7873920578628170959_n

20707916_10212258804938291_1162185173145419975_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.