Денеска во дворот на основното општинско училиште “Гоце Делчев” во Прилеп, започнаа работните активности за изградба на ракометно игралиште.
Со изградбата на ова игралиште, училишниот двор ќе наликува на еден комплетен спортски центар, имајќи во предвид дека претходно тука се изгради тениско игралиште и се постави балон сала.
ООУ “Гоце Делчев” е едно од училиштата каде се инвестираше премногу во изминатите 12 години.
Локалните власти во образованието во Прилеп инвестираа повеќе од 10 милиони евра, а ова училиште исто така силно ги почувстува промените.
Реализирани се низа проекти за подобрување на наставата и условите за работа, а со уредувањето на дворот и изградбата на овие спортски терени, училиштето ќе стане една комплетна воспитно – образовна институција, на која нема ништо да и недостига.
А/Г/