Екатерина Лисина од Русија е Гинисов рекордер кој ги поседува најдолгите нозе во светот.
Нејзините нозе се долги неверојатни 132.8 центиметри.
29-годишната Екатерина аплицирала во Гинисовата книга на рекорди за да стане инспирација на девојките кои немаат самодоверба во себе.
Поради долгите нозе Екатерина се соочувала доста проблеми, како на пример: да пронајде пантоломи кои ќе и одговараат, да седне во автомобил или автобус, но и да пронајде чевли со број 47.
Нејзината висина и помогнала да биде успешна и како професионален кошаркар, па таа може да се пофали со освоен бронзен медал за Русија на Олимписките игри во Пекинг 2008 година.
Но, нејзина желба било да се занимава со моделство, па се откажала од кошаркарската кариера.
Сега Екатерина работи како професионален модел, а тоа и помогна да собори уште еден Гинисов рекорд и стана Највисокиот професионален модел.
Еве уште неколку фотографии од нејзе: