Запален автомобил на вработен во Општина Прилеп ?!

Новинарот и раководител на порталот „Публикум“ од Прилеп, Зоран Милошески, на својот Фејсбук профил објави дека по полноќ му е запалено возилото во неговата гаража, пишува порталот Курир.

-Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено. Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени, пишува Милошески на Фејсбук.

Тој најави дека во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.