Законот за јазиците ја помина првата фаза во Собранието: Македонија на пат да стане двојазична?!

Со 66 гласа „за“ и 41 „против“ Собранието на Република Македонија го усвои заклучокот за законот за јазиците.

Илија Димовски, пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.

Законот предвидува покрај македонскиот јазик, кој е службен на целата територија на државата, службен да е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Во сите органи на државната власт – централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик, покрај македонскиот, ќе биде и албанскиот. .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.