27- годишната мајка Кристи Грин, го оставила својот 14-месечен син Брендон во автомобилот, како би ги ставила купените намирници во багажникот.
Меѓутоа, случајно ги оставила клучевите од автомобилот во багажникот заедно со намирниците. Пред да успее да ги земе клучевите, Брендон случајно го активирал системот за заклучување на автомобилот и самиот се заклучил.
Мајката кренала паника, а персоналот од трговскиот центар повикал пожарникари. Набрзо пристигнала екипа од пожарната станица и се обидела да го извади малиот Брендон од автомобилот. Бебето со насмевка на лицето ги следело случувањата околу него.
Ф.Г.