Денеска во Влада се вдоми уште еден експерт од Србија со свита од 20 луѓе. Станува збор за за специјалниот советник на Заев, Зоран Башановиќ, вмешан во низа скандали и афери во Србија.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев една од своите први средби како премиер ја имаше со својот специјален советник Зоран Башановиќ, пишува српски Курир. Станува збор за една од најконтроверзните личности во Србија, со не баш убаво минато. Од менаџер на половина српска естрада, преку поранешен кум на српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого во меѓувреме ги нарушија односите, до исклучително матна личност во областа на енергетиката.
Српски Информер за Зоран Башановиќ пишува дека со години работи како естраден менаџер, а кратко бил и член на Главниот одбор на партијата СНС. Од таму „одлетал“ затоа што себеси си склопувал милионски комбинации, повикуваји се на наводно кумство со лидерот на напредњаците и нов претседател на Србија, Александар Вучиќ. Во јавноста тој се појави на 27 декември 2012 година, кога со сопругата Бојана бил уапсен поради крадење облека и постелнина во еден трговски центар во Мајами. Двајцата беа пуштени ден подоцна со платени кауции од 1.000 долари.
Неодамна белградскиот портал Информер пишуваше дека пред повеќе од една сопственикот на српскиот портал Курир, Александар Родиќ -Аца токму преку Башановиќ стапил во блиски контакти со Заев и го презема дневниот весник „Слободен печат“, „најверојатно со пари од албанските финансиери“ на Заев Исто така, беше неведено дека не е случајно што Заев токму во Курир го даде интервјуто во кое ја навредуваше српската влада како националистичка. Сега, задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.
Зоран Башановиќ со години работи како естраден менаџер, а кусо време беше член на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ. Но од таму е избакан зашто склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на божемното кумство со лидерот на партијата, Вучиќ.
Во 2013 година пријателот на Башановиќ, споменатиот Александар Обрадовиќ, беше сменет од директорската функција во јавното претпријате Електростопанство на Србија (ЕПС).
Од тој период е аферата во којашто е вмешан новиот „специјален советник“ на Заев, Башановиќ, кога 14.000 дечиња остануваат без новогодишните пакетчња. Тендерот за набавката на пакетчињата од повеќе десетици милиони динари, ја добила фирмата на естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, иако за тоа се натпреварувале уште четири фирми, со идентична понуда, а една од нив и се жалела. Затоа раководството на ЕПС, односно Обрадовиќ, понудил да се подели тендерот, што во српската јавност предизвика сомневања дека станува збор за наместен тендер, кој поради тоа пропаднал.
Зоран Башановиќ во 2012 година, заедно со сопругата Бојана беа во фокусот на српските медиуми кога беа во Мајами беа уапсени за кражба на долна облека и постелнина во износ од 5.000 долари од трговски центар. Двајцата се пуштени ден подоцна со кауција од 1.000 долари.
Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер, тврдеше неодамна соговорник на Информер.
Извор: Курир