Заев и Ахмети го договориле, а Шекеринска и Груби го спровеле сценариото за 27 април (ВИДЕО)

Мозоците на крвавиот четврток се Артан Груби и Радмила Шекеринска, обелодени пратеникот Груби во гостување на телевизијата Алсат М.

-И на крај контактиравме јас и Радмила Шекеринска вечерта на 26 април и се согласивме утрото на 27 април да се сретнеме со јасни упатства, таа од Заев и јас од Ахмети. Се сретнавме во Клубот на пратениците на 27 април и се согласивме дека тој ден ќе го спроведеме сценариото кое го имавме подготвено многу порано со сите текстови и сценариото за изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери. Подоцна ни се придружи и Заев, кој потврди дека тој ден ќе го направиме тоа и рече дека ќе најави прес-конференција, рече Груби, присетувајќи се на нелегитимниот избот на Талат Џафери за претседател на Собранието и немирите што ги предизвика.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.