Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“, објави премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека одлуката за новото име на аеродромот како и одлуката за преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ поминале на владина седница.
Заев по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос најави дека ќе се променат имињата на аеродромот „Александар Велики“ и на автопатот „Александар Македонски“.